Францускиот фудбалер Килијан Мбапе има голема желба да игра против Португалија и Бразил на претстојното Светско првенство.
Мундијалот ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико.
– Сонувам да играм против Кристијано и Нејмар на Светското првенство. Тоа ќе биде нивното последно Светско првенство, изјави Мбапе за „Сораре“.
Франција ќе игра против Сенегал, Ирак и Норвешка во групната фаза.
Дваесет и седумгодишниот Мбапе одигра 44 натпревари за Реал Мадрид во сезоната 2025/26, постигнувајќи 42 гола и седум асистенции. Напаѓачот има 97 натпревари и 56 гола за француската репрезентација.






