РК Е. Пелистер од Битола ја информира јавноста дека нов член на нашиот клуб е младиот хрватски репрезентативец Диего Басанесе.
Овој 18-годишен кадетски и младински репрезентативец на Хрватска игра на позицијата десен бек и доаѓа со одлични препораки од хрватската ракометна критика.
Пред да дојде во Битола, Басанесе со успех го носеше дресот на Умаг, а со кадетската репрезентација на Хрватска блесна и се врати со медал од Медитеранските игри. Басанесе потпиша четиригодишен договор со Еурофарм Пелистер.
Клубот ќе го претстави на почетокот на подготовките за сезоната 2026/27.







