Прв Грен слем трофеј за Мира Андреева и тоа на Ролан Гарос

Русинката Мира Андреева ја заврши бајката на полската тенисерка Маја Хвалинска и победи во финалето на Ролан Гарос, откако славеше со убедливи 2-0 во сетови (6-3 и 6-2).

Хвалинска одигра феноменален турнир и беше вистинска сензација во Париз, но немаше сили да ѝ се спротивстави на младата и мотивирана Русинка.


Андреева стигна до својот најзначаен трофеј во кратката кариера, а Хвалинска остави одличен впечаток и ги освои симпатиите на сите неутрални тениски фанови