Одбојкарската репрезентација на Македонија доживеа пораз во женската Лига на нации во првиот меч оваа сезона.
Нашиот национален тим во три сета, со резултат 14-25, 21-25 и 11-25 загуби од селекцијата на Унгарија која беше поквалитетна на турнирот во Португалија.
На овој натпревар на Македонија ѝ недостасуваа неколку стандардни репрезентативки.
Анет Немет беше најдобра кај Унгарките со 22 реализирани поени, додека кај Македонија на мечот се истакна Андротеа Милевска со девет поени, пред Ива Стојкоска со седум и Љиља Ковачевиќ со пет поени.
Македонија на турнирот во Порто од Лигата на нациите ја очекува дуел со селекцијата на Португалија.
Мечот е закажан утре (недела) од 17:30 часот.








