Велешанец со остар предмет му се заканувал на сограѓанин, му следува пријава

На 04.07.2026 во 14:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Р.Ш.(50) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Браќа Миладинови“ во Велес, физички го нападнал Л.К.(48) од Велес и му се заканувал со остар предмет.

Предметот бил пронајден и одземен, а Р.Ш. бил задржан во полициска станица.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.