На 05.07.2026 во 02:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода В.Т.(23) од Струмица.
Тој во близина нa угостителски објект во Струмица агресивно се однесувал кон полициски службеници, а потоа и нападнал еден полициски службеник.
В.Т. е задржан во Полициската станица Струмица и за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.






