Приведени 12 лица во Македонија, кај нив најдена дрога – МВР со детали

На 04/05.07.2026  во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(37), Ј.Е.(29), В.Н.(23) и А.П.Ч.(41), сите од Скопје, како  и Е.Б.(40) од с.Долно Количани, скопско,  затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста и грутчеста материја и марихуана.

На 04.07.2026 во 19:45 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода С.Н..(43) од Струга, затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана.

На 04.07.2026 во 20:30 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија го лишија од слобода С.Ј.(30) од Скопје. При преглед на патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј. била пронајден марихуана, а додека при преглед кај С.Ј. била пронајдена грутчеста материја.

На 05.07.2026 во 00:30 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода В.М..(29) од село Раброво, валандовско. При преглед кај него била пронајдена бела грутчеста материја.


На 04.07.2026 во 22:20 часот, на ул.„Трајче Магловски” во Битола полициски службеници од СВР Битола ги лишија од слобода Г.Ш.(33) и Н.Ш.(30), двајцата  од Битола, бидејќи при преглед кај  Г.Ш. била пронајдена марихуана.

На 04.07.2026 во 20:45 часот во с. Долно Дупени, ресенско, полициски службеници од ОВР Ресен ги лишија од слобода  А.Ј.(39) од с. Долно Дупени и В.Т. (25) од Скопје. При  преглед на патничко возило „рено” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ј., а во кое сопатник бил В.Т., била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.