Очигледно Филипче е надвор од Македонија. Го нема два дена да излезе на некоја од празните безлични прес конференции, а пропушти и да се соочи со премиерот на пратенички прашања. Во секоја нормална држава лидерот на опозицијата собранието би го искористил овој демократски собраниски механизам да се конфронтира со власта и во очи да ги каже работите. Но кај нас Филипче уште од четврток брзал на граница за да ја избегне гужвата која ќе следи после 16 часот и така да го врзе четврток со петок, па викенд, па здравје Боже понеделник- вторник да се врати на Бихаќка. Сега за сега гледаме дека првомајско социјалдемократски фитиљ фати Филипче.
Многу пати левичарите знаат да го искритикуваат народот и да забележат дека Први Мај е ден за протести, наместо за скара и пикник, ама Филипче се надмина па отиде и чекор понатаму па си врза екстра продолжен викенд надвор од државата. Последно велат дека се упатил за Франкфурт, кој од друга страна e поврзан со многу други дестинации. Меѓу другите има лет и до Дубаи.
Е кога сме кај овој топоним да потсетиме дека Филипче има златна виза од таму, што би се рекло го чекаат со тепсија, а така во Дубаи чекаат само ако си со длабок џеб. Баш социјал-демократ загрижен за работничките права и стандард со златна виза од Дубаи во џебот и со купен авионски билет токму за Први Мај.
Ако заминал во Дубаи, за кое не можеме да тврдиме, можеме да замислиме со кого отишол да се види. Не не мислиме со Харис Џиновиќ, туку на некој „Шеик Шеки“ кој мисли дека може од Обединети Арапски Емирати да му помогне во операцијата Обединети Социјал Демократи . Ама со модерен вординг што би рекле, есапот во Дубаи и есапот во Скопје не излегуваат. Секое акање на Филипче и средби со Шеки за нови политички насоки го чини уште поголем пад на рејтингот. Така беше и после турбо фолк забавата, така беше и со јахтата, така беше и со куферот на аеродром, нема причина да не биде така и сега.
На крајот на краиштата ете му глава, ете му капа, сам своето гајле нека си го носи. Но лицемерно е после први мај поминат на патување, да се вратиш и да попуваш за работнички права, стандард, социјала и сиромаштија. Камарад Филипче попрво по старата максима “Америка и Енглеска биче земја пролетерска“ отколку ти социјалдемократ. А сега патувај околу светот, нека ти се мирни летовите и морињата ако пловиш, па кога ќе дојдеш јави се со прес колку да не се секира членството.







