Предизвикале пожар: Две лица вознемириле станари од цела зграда, им тропале на врати и им ја земале поштата

На 06.05.2026 во 06:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во двор зад станбена зграда на ул.„11 Октомври“ во Скопје.

Според пријавеното, пожарот бил предизвикан од две лица, кои ги вознемирувале станарите од зградата тропајќи им на нивните врати и одземајќи им ја пристигната пошта од поштенските сандачиња.


Повредени лица нема, а од пожарот биле опожарени дрвени предмети кои биле поставени пред и во влезот на зградата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.