Во новото издание на „Меѓу редови“ на КУРИР разговарамe со министерот за култура и туризам Зоран Љутков.
Отворивме низа позитивни теми во секторот со кој раководи, но директно зборувавме и за оние теми кои фрлаат дамка врз проектите и реформите.
Еден синдикат изминатиов период излегува со низа сериозни обвинувања на негова сметка, протести и тужби. Но логично се поставува прашањето: Мисли ли навистина некој дека актерот со децениска кариера им мисли лошо на своите колеги?
Што се крие зад обидите да не се постигне нов колективен договор во културата, а наместо тоа да се очекуваат покачувања на плати по двата во моментов постоечки договори иако одамна истечени?
Болат ли нападите од колегите со кои делел сет на снимање, театараска сцена, искуства?
Зошто дојдовме до ситуација ваквите работи да се решаваат на улиците? Имаше ли обиди да седнат на заедничка маса и искрено, колегијално и заедно да дојдат до решение на проблемите?
Уверува дека никој нема за цел да бидат скратени платите на културните работници, но дециден е – нема да дозволи да се штитат неработниците!
Со Љутков зборувавме за Универзална сала, Деновите на македонската култура во Брисел, состојбата со театрите ширум Македонија, но и приватно – за семејството, обврските, слободното време.
Вечерва во 20 часот на Јутјуб каналот на КУРИР, погледнете го интервјуто со министерот за култура и туризам.







