Штотуку, објавената книга, „Македонските идентитетски прашања“, од Јованка Кепеска, произлегува од потребата за приоѓање кон македонскиот идентитет, претпоставувајќи го филозофскиот приод кон македонскиот народ дека, од аспект само на една наука, па дури ниту преку збирно поврзување на сознанијата од различните науки, одговорот за идентитетот на народот не е целовит. И дека народот е претпоставен со неговото дејствување такашто кон народниот идентитет на Македонците, нужно, се приоѓа, соответствувајќи го творењето и дејствувањето на македонскиот народ со мислата која се создавала и се создава за него.
Предочувајќи ги теоретските решенија за поставените идентитетски прашања на македонскиот народ, книгата имајќи ја намерата да ја одржува јавната свест за македонскиот идентитет, ја претпоставува и очекуваната реакција од носителите на општествените задолженија, предложените заложби да бидат остварени. Како што стои и во препораката за финансиската подршка при објавувањето на книгата од Фондацијата „Вечна“ затоа што „во време кога прашањата за идентитетот, јазикот и културната самобитност повторно се отвораат со нова динамика, научните трудови што ги обработуваат овие теми претставуваат суштински придонес кон јавниот и академскиот дискурс“.
Дотолку повеќе што во овој специфичен историски момент од развојот на македонскиот народ, се јавуваат мноштво прашања и разлики во македонската идентитетска одбрана, несоответни термини во идентитетските определби, што е птребно и да се надминат.
Темите, застапени во книгата „Македонските идентитетски прашања“ се: Политичкиот идентитет на македонскиот народ . За да се согледа ширината на пристапот во темата, ги наведуваме и поттемите кои се: Нашата припадност на народ; Раната македонска идентификација; Природно-правниот приод кон нашата нација; Значењето на АСНОМ-ските одлуки за македонскиот политички идентитет; Ограничувањата на Преспанската спогодба во однос на македонскиот политички идентитет; Мултикултурното општество не е мултиетничка држава; Стратегијата за македонското национално прашање; Релативизирање на македонскиот карактер на државата; Ставовите на македонскиот народ спрема Македонците во соседните земји; Новиот обид да се наметне заедничка историја со Бугарите; Македонството.
Преостанатите делови од книгата, во кои се претставени, исто така, голем број поттеми, се: Македонската култура како идентитет; Македонскиот литературен јазик како идентитет на македонскиот народ: Општествениот развој како претпоставка за македонската идентификација: Општествениот развој како претпоставка за македонската идентификација: Аспекти од светскиот развој поврзани со нас.






