Рускиот тенисер Данил Медведев уште во воведната рунда ги заврши настапите на Грен слемот во Париз.
По голема битка со Адам Волтон, Русинот загуби, иако беше голем фаворит и го заврши учеството на овој турнир.
Медведев се посрамоти во француската престолнина, а Адам Волтон приреди сензација за три часа и 22 минути, а конечниот резултат беше 3-2 за Австралијанецот (6-2, 1-6, 6-1, 1-6, 6-4).
Волтон, 97. тенисер во светот, во второто коло од Ролан Гарос ќе игра против Свајда, кој го победи Попирин.





