Охрид го победи Тиквеш и остана во игра за второто место

Ракометарите на Охрид останаа со шанси за второто место и вицешампионската титула, откако во првиот натпревар од последното десетто коло на плеј-офот го совладаа Тиквеш со 22-29 (12-17).

Нојаниќ, Јасухира, Лиапис и Софкоски со по четири гола беа најефикасни кај Охрид, а Томче Стојановски постигна десет погодоци во поразениот Тиквеш,

Од исходот на натпреварот в четврток меѓу Е.Пелистер и Алкалоид директно зависи на кое место ќе завршат охриѓани во Суперлигата,


Во случај на победа на битолчани, Охрид ќе заврши на третата позиција, а ако Алкалоид приреди изненадување и ремизира или победи, тогаш тимот на Ројевиќ првпат ќе биде вицешампион.