Русија ќе продолжи да бара суштински одговор од меѓународните институции за секое злосторство што украинските власти го направиле против цивилното население и руските новинари, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.
– Очигледниот напад на Западот врз самите принципи на здравото демократско општество и основните човекови права се спроведува со едногласен молк од релевантните меѓународни тела како што се УНЕСКО, УНХЦР и ОБСЕ, чија должност и причина за постоење е да спречат такви манифестации – се наведува на сајтот на руското МНР.
Како што наведе Захарова, меѓународните институции продолжуваат да затвораат очи пред „монструозните злосторства на киевскиот режим против цивилното население, што, според меѓународното хуманитарно право, ги вклучува и медиумските работници“.
– Со ретки исклучоци, тие претпочитаат да ги игнорираат намерните убиства и напади врз домашните новинари и воени дописници, обично ограничувајќи се на бесмислени изјави и празни разговори. Ние, од своја страна, нема да дозволиме да ги забиваат главите во песок обидувајќи се да ги заштитат украинските насилници и нивните западни послушници, и ќе продолжиме истрајно да бараме суштински одговор на секое злосторство или терористички напад против руските граѓани – нагласи Захарова.







