Разузнавачката единица на иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) денеска соопшти дека просторот за донесување одлука на САД е стеснет.
„Постои само еден начин ова да се протолкува: (американскиот претседател Доналд) Трамп мора да избере меѓу невозможна воена операција и лош договор со Исламската Република Иран. Просторот за донесување одлука на САД се стесни“, се наведува во соопштението објавено на Х.
Како што наведува разузнавачката единица на ИРГЦ, Техеран поставил краен рок за американската војска да ја прекине својата блокада на иранските пристаништа, иако не прецизира кој е точно тој рок, и истакнува дека Кина, Русија и Европа го промениле тонот против Вашингтон, пренесува Ал Џезира.
Фото: архива






