РЕАКЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ: СДС преку Кузеска денеска растура пердуви за економијата откако државата ја доведоа до работ на банкрот

СДС нема кредибилитет да зборува за економија, СДС ја доведе државата на раб на банкрот после целиот криминал од епски размери, и ниту една инвестиција, а ги остави граѓаните со празни џебови, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ што МИА ја објавува интегрално.

СДС е партија која додека беше на власт потроши милионски буџети, а немаше ниту една инвестиција, ниту пак капитални проекти.

СДС ги осиромаши граѓаните и ги остави со празни џебови додека буџетската каса ја испразни, а државата ја остави на раб на банкрот.

СДС континуирано води политика и ПР стратегија со која што шири лаги и манипулира.

СДС лажеа дека државата ќе банкротира, но не само што државата не банкротира, туку се зголемија и платите, дека мигранти ќе дојдат, дека ИПАРД средствата за земјоделците се блокирани, но Брисел потврди дека нема никакви неправилности со фондовите и ги демантира.


СДС продолжуваат да растураат пердуви во јавноста, СДС лажеше дека ќе банкротираме, не банкротиравме. Напротив, се зголемија платите, се испочитуваа Колективните договори.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ превзема конкретни мерки за подобрување на платите, состојбите и условите за најсуштинските сектори во државата како здравство, образование, безбедност.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи транспаретно и одговорно во интерес на граѓаните.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за секоја категорија на граѓани и зголемување на животниот стандард.

ВМРО-ДПМНЕ