ЗА 24 ЧАСА ВО МВР 4 ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Уапсен 55 годишен маж од Велес за напад на 21-годишната сопруга и нивното бебе

МВР информира дека изминатото деноноќие се евидентирани четири пријави за семејно насилство и лишени се од слобода три лица.

Според МВР, доцна синоќа, во 01:30 часот, во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Д. (55) од Велес, кој престојува во Охрид, постапувајќи по пријава од неговата 21-годишна невенчана сопруга дека во домот во кој престојуваат во Охрид физички ја нападнал, а притоа го удрил и нивното бебе. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 02.05.2026 во 18:00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе лишија од слобода 50-годишен маж од Свети Николе, постапувајќи по претходна пријава од неговата 55-годишна сопруга, дека во семејниот дом физички ја нападнал. При извршени проверки, било констатирано дека И.Б. е под дејство на алкохол, односно дека има 1,29 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.


На 02.05.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Р.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 37-годишна сопруга, дека во семејниот дом физички ја нападнал и упатил закани и и го оштетил мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

На 03.05.2026 во 00:20 часот во СВР Скопје, 26-годишна девојка од скопско пријави дека на 01.05.2026 околу 11:00 часот во семејниот дом во Скопје, по претходно недоразбирање со нејзината 54-годишна мајка, физички ја нападнала мајка си. Подоцна, според пријавеното, пријавителката била физички нападната од нејзиниот 24-годишен брат и нивната мајка.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

фото: МВР