Уапсен убиецот од Сараево: Ја усмрти поранешната сопруга, па се обиде да избега со ќерката

По интензивна полициска потрага, Тарик Прусац е уапсен на Дарива, осомничен за убиство на неговата поранешна сопруга и ранување на нејзиниот брат, а потоа и за одведување на нивната петгодишна ќерка. Детето е пронајдено неповредено.

– Во 16:15 часот, во Полициската управа Нови Град во населбата Добриња е пријавена употреба на огнено оружје. Во 16:30 часот, лекар од итната помош констатирал смрт на 41-годишна жена. Во 19:15 часот, полициски службеници од Полициската управа на МУП на КС го лишиле од слобода мажот Т.П. (1977) поради основано сомнение дека сторил кривично дело Убиство. 49-годишниот маж е приведен на подрачјето на општина Стари Град.

Детето што сторителот го зел со себе по злосторството е пронајдено неповредено и детето моментално е под грижа на експерти, потврди МУП на КС.


Истрагата, предводена од дежурниот обвинител на Кантоналното обвинителство на Кантон Сараево, сè уште е во тек.

Како што претходно објавија босанските медиуми, Тарик и жртвата биле разведени, а во станот каде е извршено убиството таа живеела како потстанар по нивната разделба. Неофицијално, убиецот претходно во повеќе наврати и упатувал закани.