Втор медицински авион со патник заразен со хантавирус слета во Амстердам

Втор медицински авион за репатријација, кој превезуваше патник заразен со хантавирус од крузерот „Хондиус“ (Hondius), денеска слета во Амстердам по итна евакуација од бродот во близина на брегот на Зеленортските Острови (Кабо Верде).

Медицинскиот авион утрово слета на аеродромот „Схипхол“, додека двајца претходно евакуирани патници пристигнаа во Амстердам уште синоќа.

Во меѓувреме, холандското Министерство за здравство соопшти дека државјанка на Холандија е хоспитализирана во Амстердам со сомнение за инфекција со хантавирус. Според телевизискиот канал Ер-Те-Ел (RTL), жената е стјуардеса во авиокомпанијата КЛМ и била во контакт со патничка од „Хондиус“, која починала од вирусот во Јоханесбург, Јужноафриканска Република.