Во Иран делумно е обновен интернетот, соопшти платформата за следење на интернет „НетБлокс“ (NetBlocks).
Според платформата, во Иран по 88 денови блокада, постепено се враќаат интернет-услугите. Тоа е најдолгата национална интернет-блокада.
„НетБлокс“ наведе дека сè уште не е познато дали повторно воспоставениот интернет ќе биде траен или повторно ќе биде блокиран.
Интернетот во Иран е блокиран на 28 февруари, првиот ден од американско-израелскиот напад, со цел Техеран да ги контролира информациите.





