ВИДЕО: Се ожени Саша Ковачевиќ, први снимки од тајната венчавка

Познатиот пејач кој важеше за вечен ерген, Саша Ковачевиќ, застана на „лудиот камен“ со својата долгогодишна партнерка Зорана Тасовац, со кого очекува дете.

Невестата блескаше во бела венчаница, додека Саша избра класично црно одело.

Пред матичарката Зорана потврди дека одлучила да го земе презимето на Саша, односно да се презива Ковачевиќ.

Парот првиот танц го одигра на песна од Жељко Самарџиќ „Во тебе сум заљубен“.


Патем, Саша неодамна изјави дека тој и Зорана ја криеле веста за нејзината бременост, додека не бидат сигурни дека сè е во ред со плодот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sanja Marinkovic (@sanja_mariage)

– Се обидовме да го скриеме некое време додека сè не биде во ред, не знаеме од каде протече веста, но сега е апсурдно да негирам нешто што е вистина. Многу сме среќни и го чекаме денот кога малата Ковачевиќ или малиот Ковачевиќ ќе ни дојде – рече Саша Ковачевиќ.

Зорана Тасовац веќе ја има ќерка Искра, која ја доби со бизнисменот Богдан Срејовиќ.