ХАОС ВО СИЦИЛИЈА: Дуа Липа слави, жителите бесни – „Нашиот град не е за изнајмување“ (ВИДЕО)

Откако го кажаа судбоносното „Да“ минатата недела во Лондон, Дуа Липа и Калум Тарнер отпатуваа во Италија. За главната, тридневна свадбена прослава, тие ја избраа Сицилија и една од најпознатите вили на островот.

Граѓанската венчавка на еден од најследените парови денес се одржа на 31 мај во лондонската општина „Олд Мерилебон“, опкружена со семејството и најблиските пријатели. Во таа пригода, пејачката со албанско потекло носеше високомодна креација од модната куќа „Скијапарели“, инспирирана од стилот на Бјанка Џегер.

Сепак, вистинската прослава допрва доаѓа. Двојката го избра барокниот имот Вила Валгуарнера за раскошната прослава, која трае од 5 до 7 јуни.

Според странските медиуми, тридневната свадба во Палермо, чија вредност се проценува на околу 1,5 милиони евра, предизвика негодување кај локалното население, откако два градски плоштади беа затворени поради подготовките за прославата.

Жителите ѝ рекоа на пејачката дека нивниот град „не е за издавање“, лепејќи протестни постери низ Палермо.

Двојката пристигна во Сицилија во четврток за да го прослави вториот дел од нивната свадба за време на викендот, откако неодамна законски се венчаа во Лондон. Сепак, пејачката беше пречекана со протести од граѓаните кои веруваат дека таа го претвора нивниот град во „дневна соба“ за своите богати пријатели.

Поради свадбата, Плоштадот Сант’Ана и Плоштадот Кроче деи Веспри беа затворени за јавноста, а жителите што живеат во нивна близина мораа да потпишат договори за доверливост.

Одредени улици се блокирани, а за време на подготовките беа воведени зони без дронови. Како одговор, Сицилијанците поставија постери низ градот со пораки како:

„Палермо не е за издавање“, „Нашиот плоштад не е ваша дневна соба“, а на еден од плакатите пишуваше: „Јавните простори им припаѓаат на сите. Бараме право да ги користиме без приватен профит“.

Организаторите на свадбата ги отстранија постерите, но потоа демонстрантите го испишаа истиот слоган на ѕидот, што е многу потешко да се отстрани.


На мета беше и плоштадот Пјаца Кроче деи Веспри, каде што се појавија вулгарни графити на основата на мермерен столб. Не е познато колку долго стои таму, но организаторите не можеа да го отстранат и покрај напорите да подготват совршена атмосфера за свадбата.

Споменикот на кој се наоѓа графитот е подигнат во чест на жителите кои биле убиени од француски војници за време на бунтот во 1280 година.

Според медиумските извештаи, полицијата воспоставила силен безбедносен прстен околу Пјаца Сант’Ана и Пјаца Кроче деи Веспри од четврток до сабота за да обезбеди максимална безбедност.

Подготовките продолжиле во петок наутро со инсталирање декоративно осветлување на балконите, проверка на звучниот систем и затворање на патиштата.

Познати гости почнале да пристигнуваат во Сицилија, меѓу кои биле видени Чарли XCX и Тејм Импала.

Локалните власти издале кратко соопштение во кое се наведува дека на плоштадите ќе се одржи „демонстративна продукција“, избегнувајќи да потврдат дека станува збор за свадба.

Еден добро информиран извор им рекол на медиумите:

„Сè е обвиткано во тајност. Обезбедувањето е приватно, но вклучена е и локалната полиција. Плоштадите што се затвораат секако се пешачки зони. Службениците ја смислиле приказната за „демонстративна продукција“ како оправдување за поставување огради и држење на минувачите подалеку.“

Мислењата на жителите на Палермо се поделени. Некои дури сметаат дека Дуа Липа треба да одржи бесплатен концерт на плажата како знак на благодарност за гостопримството.