Уставниот суд на Јужна Африка повторно ја отвори постапката за отстранување на претседателот Сирил Рамафоса од власта, со што се поништува гласањето во парламентот што го запре процесот, објавија западните агенции.
Националното собрание на Јужна Африка, каде што партијата на Африканскиот национален конгрес на Рамафоса има мнозинство, во 2022 година го отфрли парламентарниот извештај во кој се заклучува дека шефот на државата веројатно извршил кривични дела.
Според поранешен разузнавачки службеник, Рамафоса бил обвинет за криење стотици илјади долари од органите за спроведување на законот и даночните власти на земјата. Во 2020 година, се верува дека јужноафриканскиот претседател сокрил речиси четири милиони долари во мебелот на неговата фарма во Фала Фала, каде што одгледува ретки раси говеда, потсетуваат француските медиуми.
Јужноафриканските обвинители во 2024 година ги прекинаа предсудските постапки.
„Резултатот од гласањето во Националното собрание е неуставен, ништовен“, изјави претседателката на Уставниот суд, Мандиса Маја, како одговор на жалбата поднесена од крајно левичарската партија Борци за економска слобода. (МИА)








