Градоначалникот Лукровски е на боледување, општина Карпош демантира дека си поднел оставка

Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски си има поднесено оставка.

-Тој во овој момент користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини, за што замолуваме за разбирање. Уверуваме дека Општина Карпош продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните, велат од општината.


Согласно законските процедури, надлежностите привремено ќе ги извршува членот на Советот, Неделчо Крстевски.

Општина Карпош апелира до јавноста и медиумите за разбирање и почитување на приватноста на градоначалникот и неговото семејство во овој период.