Ги нападнал малолетната ќерка и сопругата, кривична за 31-годишен маж

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.М.(31) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“.


На 03.05.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал неговата сопруга и нивната малолетна ќерка.