Трамп во Анкара ќе има средба со Зеленски и ал Шара

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на Самитот на НАТО во Турција ќе се сретне со украинскиот и со сирискиот претседател Володимир Зеленски и Ахмед ал Шара.

Предвидено е Трамп во Анкара да пристигне на 7 јули, а прва средба ќе има со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган.

Неименуван извор од Белата куќа истакна дека Трамп и Зеленски ќе разговараат за завршување на војната со Русија,


Бојното поле очигледно е замрзнато изминатите неколку месеци и ниту една страна не постигнува голем напредок. Претседателот ја чувствува итност да се обиде да го спречи тоа, посочи неименуваниот извор.

Тој додаде дека Трамп, исто така, ќе ги повика сојузниците на НАТО да ги зголемат своите трошоци за одбрана.

Самитот на НАТО се одржува во главниот град на Турција, Анкара на 7 и 8 јули. (МИА)