СП 2026: Шпанија без проблеми со Австрија до осминафиналето

Репрезентацијата на Шпанија без поголеми напори стигна до осминафиналето откако вечерва ја совлада Австрија со 3:0. „Црвената фурија“ на тој начин ја потврди фаворитската улога.

По иницијативата што ја имаа репрезентативците на Шпанија поведоа со голот на Микел Ојарзабал во 36.минута. Водството Шпанците го зголемија кон средината на вториот дел, а стрелец во 66.минута беше Педро Поро. Конечните 3:0 ги постави Ојарзабал со својот втор гол на натпреварот во 89.минута.


Шпанија во осмина финалето ќе игра со победникот од дуелот Португалија – Хрватска што се игра во Торонто со почеток во 01 часот по полноќ.

Во третиот натпревар од денешната програма во Ванкувер ќе играат Швајцарија и Алжир.