ОВА НИКОЈ НЕ ГО ОЧЕКУВАШЕ: Шок потег на Тејлор Свифт и Тревис Келси ден пред свадбата

Тејлор Свифт и Травис Келси донираа 26 милиони долари на 20 хуманитарни организации во пресрет на нивната утрешна свадба.

Претставник на поп-ѕвездата потврди дека парот – кој треба да се венча во „Медисон Сквер Гарден“ утре вечер – ја направил оваа значајна донација.

Овие 20 хуманитарни организации вклучуваат девет банки за храна, една организација за спречување на суровост врз животните, седум образовни програми и три детски болници.

Во соопштението едноставно беше споделено: „Оваа недела, Травис Келси и Тејлор Свифт донија 26 милиони долари на хуманитарни организации ширум Соединетите Држави. Тие ги вклучуваат следните …“

Меѓу организациите се најдоа „Сити Харвест“ (City Harvest), „Фуд Банк фор НЈЦ“ (Food Bank For NYC), „Њујорк Кеарс“ (New York Cares), Регионалната банка за храна во Лос Анџелес, „Харвестерс – Комунална мрежа за храна“ (Harvesters – The Community Food Network), „Д Стор“ (The Store), „Хелпинг Харвест“ (Helping Harvest), Банката за храна на заедницата во Род Ајленд, „Фидинг Америка“ (Feeding America) и ASPCA.


Останатите приматели ги вклучуваат „Имагинативна библиотека на Доли Партон“ (Dolly Parton’s Imagination Library), „Греми во училиштата“ (Grammy In The Schools), „Образование преку музика“ (Education Through Music), „Ансер Д Кол“ (Answer The Call), „Мјузикал Менторс“ (Musical Mentors) и „Ол-Старс по училиште“ (After-School All-Stars) во Њујорк и Кливленд.

Донации добија и „МСК Кидс“ (MSK Kids) – програмата за канцер кај деца при Меморијалниот центар за рак „Слоун Кетеринг“, Детската болница „Хасенфелд“ при НЈУ Лангон и Детската болница „Мерси“.

Иако големината на поединечните донации не беше наведена, организацијата „Сити Харвест“ во Њујорк објави соопштение во кое вели дека добила „великодушна донација од еден милион долари“ од парот. Банката за храна на заедницата во Род Ајленд, исто така, соопшти дека е „неверојатно благодарна за нивниот вонредно великодушен и неочекуван подарок“.

Свифт ги пополни насловните страници во август откако ја објави својата свршувачка со играчот на Канзас Сити Чифс во заедничка објава на Инстаграм на која пишуваше: „Вашата професорка по англиски јазик и вашиот наставник по физичко ќе се венчаат“.