Шилегов: Како СДСМ мислат дека можат да добијат избори кога се караат со своите најистакнати членови

Улогата на една политичка партија во општеството, особено во македонското демократско општество, улогата на поголемите политички партии е да присоберат помали политички групации со цел да создадат квалитетна коалиција. А вие се карате со своите најистакнати членови во изминатите 15-20 години. И сега како воопшто мислат дека можат да функционираат како политичка партија и да добиеш избори?, рече Петре Шилегов поранешен функционер од СДСМ во интервју за „Фокус“.

Шилегов истакна дека СДСМ како политичка партија наместо да го шири спектарот на луѓе и да црпи знаење од луѓето во СДСМ со подолгогодишно искуство ги губи луѓето со квалитет.

„Наместо да го шириш спектарот на луѓе, ти си зачаурен во држењето да се опстане по секоја цена. Не знам од кои интереси, нема да навлегувам во тоа, но се караш со луѓето што можат да ти донесат само квалитет“, рече тој.