Хамнеи: Персискиот Залив ќе има „светла иднина“ без присуство на САД

Персискиот Залив ќе има „светла иднина“ без присуство на САД, изјави врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, во писмено обраќање денеска, јави иранската државна телевизија.

„Ново поглавје во историјата почна да се пишува за Заливот и Ормуската Теснина откако САД и Израел ја започнаа својата војна со Иран на 28 февруари оваа година“, рече ајатолахот.

Хамнеи рече дека Техеран ќе ја обезбеди безбедноста на регионот на Персискиот Залив и ќе ги елиминира „злоупотребите на водниот пат од страна на непријателот“.

Врховниот лидер додаде дека новото управување со Ормуската Теснина ќе донесе мир, напредок и економски придобивки за сите земји од Заливот.