Екипата на Реал Мадрид успеа да се избори за уште едно финале во Евролигата откако вечерва во Атина во вториот полуфинален дуел ја совлада Валенсија со 105:90 (26:28; 28.36; 24:17:19:17). Во финалето во недела ќе играат против Олимпијакос, а почетокот на натпреварот е во 20 часот.
Шпанските екипи го одиграа најефикасното прво полувреме во полуфинале во Евролигата (62:56). Голем проблем за тимот од Мадрид може да биде повредата на центарот Усман Гаруба. Најефикасен играч на дуелот беше Марио Хезоња со 25 поени.
Нивниот противник Олимпијакос има три титули, а ќе го играат своето десетто финале.
Двете екипи досега имаат одиграно четири финални натпревари, Реал Мадрид има три победи (1995, 2015 и 2023), а Олимпијакос една победа во финале во 2013 година, кога ја освои и последната титула европски првак.






