Од „bonjour“ до „au revoir“: „Емили во Париз“ завршува со шестата сезона

Шестата сезона на „Емили во Париз“, ќе биде последната од оваа серија на Нетфликс која ги освои срцата на вљубениците во модата, заплетите и љубовните игри.

Актерката Лили Колинс која ја игра улогата на Емили, вчера објави кусо видео преку кое информираше дека шестата сезона од серијата која го следи животот на Американската која доаѓа во Париз, ќе биде крајот.


-Шестата сезона ви го носи сето она што го сакате во оваа серија и ќе го сервира како последно поглавје во авантурите на Емили Колинс, вели Лили.

Новата сезона веќе се снима.