Тренерот на Вардар, Иван Чупиќ неочекувано се соочи со големи проблеми пред денешниот прв четвртфинален натпревар од ЕХФ Лига Европа на гости против француската екипа Монпелје. Во составот ќе ги нема Дмитро Горига и Јака Малус, поради здравствени проблеми.
Во таква ситуација Чупиќ на вечерашниот натпревар ќе ги има на располагање: Валах, Гогов (голмани); Стојановски, Воркапиќ, Боно, Георгиевски, Кеита, Митровиќ, Танкоски, Лазаревски, Марчиниак, Тузолана, Анастасовски, Франциско да Силва и Јанковски.
Натпреварот почнува во 20:45 часот, а го судат Марион Кул и Алвар Тинт од Естонија. Реванш натпреварот се игра на 5.мај во Скопје.






