Вечерва на „Паркот на принцовите“ каде ПСЖ го пречекува Баерн во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите.
Тренерот на Баерн, Венсан Компани, е свесен дека неговите играчи ги очекува тежок натпревар во Париз, но верува во добар резултат. Интересно е што поради суспензија тој нема да биде на клупата на Баерн, а ќе биде заменет од Арон Данкс.
Ќе седам некаде на стадионот, можеби блиску до вас новинарите. Процедурите се јасни, знам што можам, а што не можам да направам. Најважно е да го решиме ова како тим. Уверен сум дека можеме да го направиме тоа. Арон Данкс ќе ме замени. Има искуство во водење натпревари во Англија, седеше на клупата на Астон Вила. Како се одлучив за него? Лесно. Тој е гласен на тренинзите и на натпреварите. Имам 100% доверба во него и во целиот тренерски персонал“, нагласи Компани.
Луис Енрике истакнува дека неговиот тим е најдобар во Европа, и дека резултатите во изминатите две сезони го покажуваат тоа.







