Пијан скопјанец бил агресивен кон полицајци

На 20.05.2026 во 03:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје привеле малолетник од Скопје затоа што во Градскиот парк на подрачјето на Карпош во Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

При извршени проверки над него, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,82 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.