Мицкоски: Аферата за наводна шпионажа во претседателскиот Кабинет е предизвикана од структури од минатото

Премиерот Христијан Мицкоски во врска со аферата за наводна шпионажа во претседателскиот Кабинет, рече дека е предизвикана од структури од минатото.


– Тоа се шпионски талог на општеството, структури од минатото, коишто се наоѓале во кабинетите како глодари на некои поранешни политичари, претседатели, премиери и така натаму. И тие се претставуваат како група вработени и испраќаат анонимни дописи до обвинителството. Се разбира, таму Ислам Абази веднаш да истрча и да создаде паника во јавноста дека нешто се случувало. Јас не би ги коментирал овие глодари, бидејќи мислам дека треба да ги заборавиме, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен темелник на доградба на ООУ „Јоаким Крчовски“ во општина Ѓорче Петров.