Официјална средба на здружението „ЗОШТО“ со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки (Фото)

Здружението на Македонците по потекло од Албанија – ЗОШТО, предводено од претседателот Панди Јани, секретарот Спиро Малевски и претседателката на огранокот на град Скопје, Кристина Војо, денес остварија официјална средба со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, при што заеднички беа разгледани предизвиците со кои се соочуваат Македонците по потекло од Албанија.

На средбата добивме значајна поддршка и разбирање за нашите иницијативи, а се разговараше и за повеќе проекти кои ни претстојат во наредниот период.