Одбележувањето на 250 години од независноста на САД ќе заврши со митинг во Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп 250-годишнината од независноста на САД ќе ја одбележи вечер со политички митинг во Вашингтон, со што ќе заврши повеќенеделното прославување.

Денот на независноста ќе биде одбележан ширум САД со традиционалните огномети, паради и концерти. Трамп претстојната прославата во Вашингтон ја оцени како „неговиот најспектакуларен митинг досега“, што ќе биде придружен со воздушно шоу на американските воздухопловни сили и голем огномет.

Традиционално, прославите на 4 јули во Вашингтон привлекуваат стотици илјади посетители. Годинава одбележувањето ќе се одвива под зголемени безбедносни мерки, можни грмотевици и температури над 38 степени Целзиусови. За разлика од претходните американски претседатели, кои се дистанцираа од официјалните прослави, Трамп ја претвори годишнината во политички настан. Неколку сојузни држави контролирани од демократите одбија да испратат официјални делегации во Вашингтон, а некои поканети музичари се повлекоа, со образложение дека прославата е премногу партиски обоена.

Според анкетата на Ројтерс/Ипсос, мнозинството Американци, вклучувајќи три четвртини од демократите и околу половина од републиканците, изјавиле дека прославите по повод 250-годишнината од независноста на САД се премногу политизирани. (МИА)