Попладнево избувна пожар на територијата на Општина Штип, меѓу населбите Баби и Дузлак, над филтер-станицата, при што е зафатена борова шума, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов,
Според Ангелов, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Штип интервенира со целосниот расположлив капацитет во обид да се стави пожарот под контрола.
-Пред малку изби тежок пожар на територијата на Општина Штип помеѓу населбите Баби и Дузлак над филтер станицата. Со оган е зафатена борова шума-соопшти Ангелов.
Тој додаде дека во гаснењето ќе се вклучат и неколку доброволни противпожарни друштва кои ќе им пружат поддршка на штипските пожарникари. (МИА)







