Пожар во близина на Неа Каликратија на Халкидики – евакуирани две села

Голем пожар во близина на Неа Каликратија на Халкидики избувна околу 17.30 часот по локално време, а кусо подоцна од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до сите оние кои се наоѓаат во местата Амбелакија и Кипуполи да се евакуираат, јави дописничката на МИА од Атина.

Во справувањето со огнената стихија, што е во непосредна близина на домови, интервенираат 45 пожарникари со два пешадиски тима и 12 возила, помагаат волонтери, како и цистерни од периферијата, а од воздух се гасне со пет авиони и три хеликоптери.


Кусо пред 18 часот до жителите и оние кои се во близина на пожарот беше испратена порака од 112 да бидат во состојба на готовност, а 20 минути подоцна до оние кои се во Кипуполи и Амбелакија да се оддалечат кон Неа Каликратија.

МИА