Кол Томас Ален, обвинет дека вооружен упаднал во хотел во кој се одржувала вечера организирана од Белата куќа, се изјасни за невин по обвиненијата дека се обидел да го убие претседателот на САД, Доналд Трамп.
Ален бил со лисици на рацете и носел портокалова затворска униформа кога се појавил пред судот за изнесување на обвинението, пренесоа американските медиуми.
Ален не зборувал за време на рочиштето, а еден од неговите адвокати во негово име го изнел исказот за вината.
Адвокатите на обвинетиот бараат од судијата да дисквалификува најмалку двајца високи функционери на Министерството за правда од директно учество во овој процес, бидејќи би можеле да се сметаат за жртви или сведоци, со што се создава потенцијален конфликт на интереси.
Еден припадник на Тајната служба на САД беше погоден во нападот на 25 април во хотелот Хилтон во Вашингтон, но не беше повреден бидејќи имал панцир.







