Анализа: ПОДЛИЗУРКОВЦИ – најлоши, најштетни, најрасипани луѓе на светот

,,Како Бугарија ви го загрозила идентитетот? Еве кажете како ви го загрозила? Дали вие поради нечии размислувања и така натаму се чувствувате поинаку?‘‘.

Ова тврдење на Венко Филипче ги остави подзинати не само тие што се противат на неговата политика за вметнување на Бугарите во уставот, туку и неговите соработници и сопартијци кои во најмала рака сакаат да веруваат дека тоа што го кажа не го мислеше токму така.

Да му е пр пат, па да е ,,lapsus linguae‘‘. Но, проблемот е што Филипче во континуитет тврди дека Софија на никој начин не го загрозува македонскиот идентитет и јазик, а уште помалку дека тоа ќе се стори со вметнување на Бугарите во преамбулата на уставот. Да станува збор за тазе политичар и би разбрале дека некои работи не ги гледа низ искусна политичка диоптрија. Но, тој е лидер на СДСМ веќе 2 години, а дополнително беше министер повеќе години во владата на Заев, па и советник во времето на министерот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров.

Значи, Филипче точно знае што вели и кому е упатено кажаното, кон своите политички ментори од Бугарија, посебно креаторот на ,,Бугари во уставот‘‘, Румен Радев. Всушност, Филипче и покрај противењата во сопствената партија, овој пат игра ,,бугарски рулет‘‘ со ставање на својата политичка иднина на полето ,,се или ништо‘‘.

Како поинаку да се протолкува неговата честитка до мандатарот Румен Радев, во која надвор од секоја дипломатска пракса и политички сенс го критикува својот политички протвник Христијан Мицкоски, нарекувајќи го лидер на криминална група, која свесно го блокира европскиот пат на земјата и создава вештачки конфликти со соседите, заради заштита на својот корумпиран систем.

Барањето чаре за својата политичка кариера, дури и од непријателот стана сламка за спас на Филипче, кој остана неразбран дури и во своето партиско јато.

Со оглед на тежината на неговото тврдење дека ,,Бугарија на никој начин не го загрозува ниту оспорува македонскиот идентитет‘‘, еве неколку официјални изјави од актуелни политичари и документи да го потсетат зошто е недовербата во официјална Софија.

– Румен Радев (2022) – Во Македонија се гради „идентитет заснован на фалсификат на Коминтерната.

– Бојко Борисов (2020) – Бугарија не го спори правото на самоопределување денес, но историските корени на македонската нација и јазик се бугарски.

– Костадин Костадинов (2021–2026) – Македонците се Бугари, а македонскиот јазик е дијалект.

– Екатерина Захариева (2020) – Македонската нација и идентитет се создадени по Втората светска војна под влијание на Тито.

– Красимир Каракачанов (2019–2021) – Македонците се Бугари, а македонскиот јазик е норма на бугарскиот.

– Ангел Џамбаски (2020–2024) – Не постои македонско малцинство, ниту посебна македонска нација

– Тодор Живков (1960-70-ти) – Не постои македонска нација и јазик. Македонците во Пиринска Македонија се Бугари.

Еве и неколку официјални документи:


Декларација на 44-то Народно собрание на Бугарија (2019)

– Македонија да признае дека „корените“ на нацијата и јазикот се бугарски; да не се користи формулација што имплицира признавање на македонско малцинство во Бугарија; да се почитува бугарската историска интерпретација.

Рамковна позиција на Бугарија за Северна Македонија (2019)

– Македонскиот јазик е резултат на „вторична кодификација на бугарскиот“; македонскиот идентитет е создаден по 1944 година; Бугарија не признава постоење на македонско малцинство.

Декларација на бугарското Народно собрание за „антибугарски пројави“ во Македонија (2023) во која се наведува дека македонскиот национален идентитет е политички конструиран и се инсистира на:

– „заедничка историја“; права на „Бугарите во РСМ“; борба против „антибугарска идеологија“.

Позицијата доставена во ЕУ за „македонскиот јазик“ (2022)

– „Ништо во документите на ЕУ не треба да се толкува како признавање на македонски јазик од страна на Бугарија; бугарскиот книжевен јазик има повеќе регионални норми, меѓу кои и онаа во Северна Македонија.

Амандмани во Европскиот парламент од бугарски европратеници (2022–2024)

– да се избрише „македонски јазик“; да се избрише „македонски идентитет“; да се користи само „службен јазик на РСМ“.

Ова е само ,,капка во морето‘‘ од причините кои Филипче бара да се наведат – како тоа се загрозува македонскиот идентитет!

И кога неговите поддржувачи или сопартијци ќе побараат од проевропскиот Филипче – што побогу мислеше со тоа? – нека се обиде да им ги објасни дека сите овие изјави и документи немаат врска со загрозување на македонскиот идентитет и јазик. Дотогаш разбирање за него ќе имаат само Радев и политичката структура во Бугарија.

Во меѓувреме, тој ќе биде кодош и предавник на сопствениот народ за кој и Меша Селимовиќ во едно од неговите најпознати дела ,,Тврдина‘‘ вели: Подлизурковци, тоа за мене се најлошите, најштетните и најрасипаните луѓе на светот!

ПС

Најмоќните војсководци во светот, кога ќе фателе предавник од спротивната страна и ќе ги искодошел своите за да си го спаси животот, прво го ,,решавале него‘‘, оти кога и да е ќе ги искодоши и новите ,,газди‘‘!