МУРИЊО ЗА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА ПОРТУГАЛИЈА: Тие имаат неверојатна генерација, можат да го освојат СП 2026

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, го сподели своето мислење за тоа колку далеку може да стигне репрезентацијата на Португалија на Светското првенство 2026.

-Португалија може да направи сè. Тие имаат неверојатна генерација. Минатата година ја освоија Лигата на нации. Во 2016 година го освоија Европското првенство. Оваа генерација е технички супериорна во однос на онаа. Секако, тука е Бразил на Карло Анчелоти, тука е Аргентина, но Португалија може да го освои ова Светско првенство, изјави Мурињо за „Ла Газета дело Спорт“.

Светското фудбалско првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во три земји: САД, Канада и Мексико. За прв пат ќе учествуваат 48 национални селекции.

Португалија ќе се соочи со Конго, Узбекистан и Колумбија во групната фаза.