Манчестер сити го победи Брентфорд со 3:0 дома во 36. коло од англиската Премиер лига.
Трите гола паднаа во второто полувреме. Ги постигнаа Жереми Доку, Омар Мармуш и Ерлинг Халанд негов 26-ти во Премиер лигата. Норвежанецот е лидер во трката за голови во лигата.
Манчестер сити има 74 бода и е втор на табелата во Премиер лигата. „Граѓаните“ се два бода зад Арсенал, а на двете екипи им остануваат уште три натпревари до крајот на првенството.
Брентфорд е на осмото место со 51 бод.






