Имаме можеби историски најголема криза, епска криза во енергетиката во последните 50 години, но сепак како влада без да правиме емотивни прес-конференции и без да се жалиме колку е тешко, а тешко е, успеавме да креираме модел кој резултираше во моментот со најдобри резултати, имајќи го предвид регионот, изјави премиерот Христијан Мицкоски на седницата за пратенички прашања.
Посочи дека имаме доволно колични нафта и нафтени деривати и дека според Меѓународниот монетарен фонд сме меѓу првите три земји во Европа по аплицираните мерки според бруто домашниот производ. Ги наведе и цените на горивата кај нас споредено со околните земји.
-Креиравме модел економија на обем – ќе ги намалиме даноците, а го зголемуваме конзумот, со што ја правиме голема разликата меѓу нас и регионот, така што голем дел од потроошувачите доаѓаат кај нас да точат гориво, додаде Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеникот Петар Марков.





