Ѓорче Петров ЖРК шампион на Македонија – врачени трофејот и златните медали

По одигрувањето на последниот натпревар од сезоната, ракометарките на Ѓорче Петров ЖРК и официјално беа крунисани со шампионскиот трофеј и златните медали, како потврда за одличната сезона и заслуженото прво место во домашниот шампионат.

Во свечена атмосфера беше одбележан големиот успех на скопскиот тим, кој со стабилни игри и континуитет во текот на целата сезона заслужено стигна до шампионската титула.

Медалите на шампионскиот состав ги додели Силвана Карбеска, координатор на женската Супер лига, додека шампионскиот пехар го врачи генералниот секретар на Ракометна федерација на Македонија, Влатко Тасевски.


Со освоениот трофеј, ракометарките на Ѓорче Петров уште еднаш ја потврдија својата доминација на домашната сцена и ја заокружија сезоната на најдобар можен начин.

Честитки за големиот успех заслужуваат ракометарките, стручниот штаб и раководството на клубот, кои со посветеност и тимска работа стигнаа до шампионската титула.