Аргентинецот Хуан Мануел Серундоло го приреди најголемото изненадување на Ролан Гарос и го елиминираше првиот светски рекет Јаник Синер, со конечни 3-2, по сетови 3-6, 2-6, 7-5, 6-1 и 6-1.
Синер беше во одличен ритам во првите два сета и делуваше дека ита кон лесен и рутински триумф, но тогаш приказната комплетно се промени.
Италијанецот играше со мала повреда, а Серундоло целосно го искористи моментот и успеа да направи комплетен пресврт.
Синер го загуби здивот во физичката трка со мотивираниот ривал, кој ги доби следните два сета во своја полза и го одведе мечот во решавачки, петти сет.
Серундоло отвори со одлична серија и ги освои првите четири гема, удар од кој Синер не успеа да се врати.
Серундоло го затвори петтиот сет со конечни 6-1 и го оствари можеби најголемиот триумф во својата кариера.






