👁️  9672

Во подготовка на предстојниот Саем за Вработување на Аеродромот Франкфурт во Холидеј Ин -Скопје на 04.11.2023 година, имаме чест да разговараме со претставник од агенцијата ,,Контекст” кој ќе ни го претстави настанот и можностите за вработување на аеродромот во Франкфурт.

АНАЛИТИКУМ: Здраво, може ли да ни кажете повеќе за Саемот за Вработување на “Аеродромот Франкфурт” и кои се главните цели на овој саем?

Овој саем е организиран од агенцијата Контекст Вработување, приватна агенција за посредување при вработување во странство, со цел да ги поврзе потенцијалните кандидати со работодавачот Аеродромот Франкфурт и да ги претстави работните можности и услови за работа. Посредувањето за вработување е бесплатно за сите кандидати коишто за првпат се вработуваат во Германија или веќе работат во Германија, но сакаат промена на работното место.
Еден од најважните цели на овој саем е да помогне на луѓето да најдат подобри работни можности за живот и работа во Германија, во овој случај одлична можност за вработување на аеродромот Франкфурт, кој е еден од најголемите и најзначајните аеродроми во Европа.

Саемот обезбедува и информации за обука и образование поврзани со авиоиндустријата и други сектори на аеродромот. Ова е важен настан за сите заинтересирани кандидати кои бараат развивање на својата кариера и стекнување на потребни вештини во Германија.

Исто така овој настан создава одлична можност за почетни работни искуства во реномирана и гигантска компанија како што е Аеродромот Франкфурт и одлична можност за живот и работа во Германија. Посетителите можат дирекно да разговораат со работодавачот за можностите за вработување и за кариерните патишта и од прва рака да ги добијат сите потребни информации.

АНАЛИТИКУМ: Што може да очекуваат кандидатите на овој саем?

Кандидатите ќе имаат можност да присуствуваат на саем од светски рамки, каде што ќе имаат можност за запознавање и директна интеракција и комуникација со претставниците, како и детално објаснување за позициите, условите за работа и појаснувањето колкава е предноста за вработување во државна компанија. Кандидатите ќе може да ги постават сите свои прашања и да добијат одговор од претставниците. Прашањата можат да се однесуваат за работните позиции, условите, плата, бенифиции, можност за спојување со смејството во Германија и слично. Исто така сите кандидати ќе добијат можност за интервју со одделот на човечки ресурси од Аеродромот Франкфурт.

АНАЛИТИКУМ: Зошто Аеродромот Франкфурт е атрактивна дестинација за работа и кои работни позиции и можности за вработување се достапни?

Аеродромот Франкфурт е еден од најголемите и најзначајните аеродроми во Европа и во светот. Тоа го прави атрактивна дестинација за работа поради низа фактори: покрај тоа што е државна компанија, Аеродромот Франкфурт нуди вработување на одлични работни позиции со можност за напредување, обезбедено сместување и транспорт. Аеродромот Франкфурт годишно обработува милиони патници и голем број на товари. Тоа значи дека има многу работни позиции поврзани со аеродромските операции, опслужување на патници, безбедност, логистика и други аспекти на авиоиндустријата, како и многу можности за напредување, бонуси и други бенифиции.
Франкфурт е средиште на важни транспортни рути и летови. Овој аеродром игра значајна улога во ваздушниот транспорт во Европа и светот. Работата на аеродромот има големо влијание врз патничкиот и товарниот воздушен сообраќај. FraGround е подружница и составен дел на групацијата Fraport AG, компанија која ја поседува импозантниот аеродром. FraGround се занимава со управување со човечки ресурси. Особено се фокусира на пребарување, вработување и распоредување на персонал за копнени операции, како што се ракување со багаж и товар. Оваа специјализирана компанија моментално има над 2.700 вработени во гореспоменатите сектори.

Работни позиции коишто се понудени за кандидатите на Контекст се:

  • Flugzeugabfertiger – ракувач со воздушен товар
  • Gepäckabfertiger -ракувач со багаж
    Кандидатите ќе добијат детална презентација за позициите, задачите и очекувањата од секој кандидат. Исто така ќе добијат информиција за платата, бонуси и можности за напредување.

АНАЛИТИКУМ: Како можат заинтересираните лица да се вклучат во саемот и како ќе изгледа процесот на аплицирање?

Сите заинтересирани кандидати се добредојдени да присуствуваат на саемот. За да може да присуствуваат треба претходно да се пријават во канцеларијата на Контекст Вработување во Скопје. Вработените во Контекст ќе го контактираат секој заинтересиран кандидат да испрати своја биографија на германски јазик и го пријават неговото присуство на саемот.

Саемот е од информативен карактер, но вработувањето е преку виза во германската амбасада во Скопје или документи на ЕУ. Доколку немате европски документи, тогаш треба да аплицирате за виза преку официјалната веб-страница на германската амбасада. Ова ќе го направите со пополнување онлајн формулар. Доколку кандидатот не знае како да аплицира, ќе му помогнат вработените во Контекст.

Овие позиции се однесуваат за неквалификувани работници, односно се во категоријата за визирање според правилото за земјите од Западен Балкан. Списоците за апликации се отворени еднаш месечно, седум дена, и процесот е по пат на лотарија. Ако добиете официјален термин, повторно контактирајте со нас, за да го започнеме процесот на регрутирање.

Во случај да имате европски документи, можеме да го започнеме процесот веднаш.
Кандидатите треба да бидат од машки пол и помлади од 45 години (ако имаат документи од ЕУ, помлади од 50 години), поседуваат важечка возачка дозвола од Б категорија и потврда за неосудуваност. Доволно е основно познавање на германски јазик (ниво А2) за кое не е потребен сертификат.

АНАЛИТИКУМ: Какви совети би дале на сите кои сакаат да аплицираат за работните позиции на Аеродромот Франкфурт?

Прво, добро истражете ги работните позиции кои се објавени на веб-сајтот на Аеродромот Франкфурт за добро да ги разберете барањата и потребните квалификации за секоја работна позиција.

Фокусирајте се на јазикот, негово усовршување и пракса, како и учење на терминологија која се користи во овој работен сектор. Истражете го Аеродромот Франкфурт, неговата историја, операции и вредностите на компанијата. Подгответе CV (кратка биографија) која ќе биде привлечна и релевантна за работната позиција за која аплицирате. Истакнете ги вашите вештини и искуства кои се важни за работата.

Се’ што треба да сторите е да го пополните прашалникот кој се наоѓа на линкот во прилог и нашиот тим ќе ве контактира за понатамошните чекори.

Линк за апликација: https://forms.gle/dGZPoLEDW1Aoxp368

Доколку имате дополнителни прашања, можете да не’ контактирате на:

📞 +38978274420
📩 vrabotuvanje@kontext.mk

За присуство на саемот не е потребно да имате термин за виза.

Се гледаме на 04.11 во Холидеј Ин во Скопје!

АНАЛИТИКУМ: Ви благодариме за времето и информациите. Со нетрпение ја очекуваме оваа возбудлива прилика на саемот за вработување на Аеродромот Франкфурт.