👁️  4170

На наше огромно задоволство ексклузивно интервју за Аналитикум со Сашко Мирчевски и неговиот најтрофеен македонски “Нинџицу клуб -Битола”. Тие се спортски амбасадори на Македонија незнаат за пораз и ги имаат сите домашни и меѓународни медали а нивните членови се шампиони во неколку боречки дисциплини: ММА, ЏИУЏИЦУ, ГРАПЛИНГ и македонската борбена вештина НИНЏИЦУ по која го носи и името на клубот, од Карслуе, Дизелдорф, Нимберг, Цирих, Загреб, Дубровник, Белград, Ниш, Софија, Солун, Атина, Подгорица до Македонија клубот константно доминира и истите немаат конкуренција.

АНАЛИТИКУМ: Успесите се бројни а твојата работа тоа го потврдува каде се вашите почетоци и што ве определи во вашиот живот да се занимавате со ова, кажете нешто повеќе за себе?

Точно почетоците се некаде 2005та година кога за прв пат влегов да ги изучувам борбените вештини поточно првата средба ми беше со Нинџуцу како воена вештина и начин на живот преку која се изградив и се градам како личност која постојано е во борба со самиот себе да се биде подобар од секој претходен ден.

Со спорт од свои 5 години и лесно се адаптирав на боречките вештини од почеток со мојот мајстор за Нинџуцу (Македонска Нинџуцу Федерација) Марјан Анастасовски, бев назначен и како раководител на првата група која започнавме со тренинзи во Битола.

Почетоците беа тешки но вољата и љубовта кон слободната борба беа она што ме туркаше да продолжам за денес тоа да го работам како единствена професија со школата која има тренизни секој ден утро и вечер.

АНАЛИТИКУМ: Како изгледа еден ваш вообичаен ден и колку време издвојувате за тренинг?

Кај мене секој ден во глобала е едно секојдневие, утринска прошетка во природа со моето куче, утрински тренинг со првата група, приватни обврски и одмор за вечерните термини за тренинг со малата група на деца и вечерната група.

Константно во последните години со два тренинзи дневно и максимална вложеност во борбените вештини се со цел да ги издигнеме на едно повисоко ниво во ова општество.

АНАЛИТИКУМ: Работите и како тренер дали претставува задоволство за вас тоа што можете на младите генерации да им го пренесете вашето знаење?

Да, мојата главна улога е тренер и менаџер на клубот иако со моите членови сум во тренажен активен процес, учам, напредувам се усовршувам во нови сегменти од борбата и најмногу од се трошам енергија на моите такмичари, се надевам дека ќе продолжат да не радуваат со големи победи и врвни резултати од големите такмичења.

Секако дека е задоволство и љубовта е голема затоа успевам да поминам низ сите неправди, низ сите тешки ситуации и сопки кои ни ги создава боречкиот катастрофален боречки македонски спортски свет, со своето ужасно функционирање пропратено со страшен непотизам, нереално рангирање и наградување

АНАЛИТИКУМ: Дали младите доволно се заинтересирани за боречки спортови?

Можам да се пофалам дека од Нинџуцу клуб Битола во последните години излегуваат најголеми боречки таленти со меѓународни професионални успеси но сетоа тоа нажалост не може да продолже долго бидејќи нема кој да ги подкрепи тие млади да можат да продолжат да остваруваат уште поголеми успеси и во борба за основна животна егзистенција, нажалост не можат активно да тренираат и напредуваат.

АНАЛИТИКУМ: Вашиот клуб е еден од најнаградуваните со многу шампиони дали може да ни издвоите талентирани деца кои во иднина ќе ја претставуваат Македонија во светот?

Точно имаме моментално повеќе млади борци по 22/23 години кои во иднина треба да носат шампионски титули од што поголеми организации и настани па дај Боже и од светски организации еден ден ако се променат некои работи кај нас и тие младинци се поддржат.

Наскоро во Србија, Игор Додевски треба да има професионална ММА борба за појас на GFC 9  кој веќе има 10-0 скор во полупрофесионална ММА ширум Балканот.

Тука се Филип Божиновски професионален ММА борец со преку 20 борби.

Идни млади такмичари, Трајче Мицевски, Бојан Милески, Дамјан Стојчевски и уште неколку кои секојдневно тренираат и се очекуваат од нив големи успеси.

АНАЛИТИКУМ: Дали приватните компании и државните институции имат слух и сенс да поддржат успешни спортисти и клубови како вашиот?

Сакам да се заблагодарам ако не се приватните компании како Kromberg&Shubert Bitola, господин Александар Генчов и Helios Medikal, CH ALFA Skopje, Urban planner architeckts Гостивар, прашање е дали ние ќе сме во можност да опстоиме како клуб иако сме најуспешен и со меѓународни успеси сепак за оваа наша држава не доволно добар и испочитуван.

Тука се често и кафе барови: Везилка, Аеро, Ресторан Буре, Општина Битола и градоначалникот Тони Коњановски кои помагаат во некои наши активности.

И оваа прилика ја користам да се заблагодарам од срце на сите тие позитивни луѓе без кои не може да ја продолжиме нашата авантура.

АНАЛИТИКУМ: Важите за еден од најдобрите клубови во Македонија дали федерацијата помага на вашиот клуб и дали ги следи вашите успеси?

Ние сме најдобриот македонски клуб за Џиуџицу без конкуренција и како награда за тоа од федерација сакаат да не исфрлат, постојано по судови нешто пробуваат да ја убијат кај нас вољата и желбата и натераат да се откажеме, ваучер не земаме, стипендии никогаш, агенција за млади и спорт и нејзинот директор се известени повеќе пати за цела ситуација и постојано се глуви и незаинтересирани, а се нешто читам се бореле против корупција во спортот а во наша федерација е страшна корупција и незаконско работење така што последно не примаме ни покани за државни првенства па мораме да одиме само на меѓународни турнири со самофинансирање и помош од комапниите кои се со нас кои предходно ги споменав.

Еве оваа прилика ја користам да прашам кој е тој Соке клуб кој што доби ваучер оваа година од агенција, кои такмичари ги има, каде се борат!?

АНАЛИТИКУМ: Какви се вашите понатамошни планови и предизвици?

Моментално се спремаме за престојниот турнир во Бугарија во септември, семинар во Германија истиот месец и уште други турнири и настани за кои доколку успееме да се органзираме и најдеме подкрепа ќе ги одработиме на највисоко ниво, а во врска со федерација држава и слично се надеваме дека ќе дојде еден ден до промена на кадар во агенција и ќе се средат како што треба работите, до тогаш ЌЕ СЕ БОРИМЕ КАКО ЗНАЕМЕ И УМЕЕМЕ.

АНАЛИТИКУМ: Што би промениле во нашето општество и кај луѓето?

Треба многу работи да се променат тука ако сакаме да опстаниме ќе кажам само да се турдиме да живееме што повеќе морално и градиме позитивно размислување покрај се бидејќи добрата мисла носи добри работи.

АНАЛИТИКУМ: Каде може да ве контактираат луѓето за да се зачленат во вашиот клуб?

Можат слободно во секое време да ме контактираат на мојот фејзбук профил Sashko Mircevski или на телефонскиот број 077/639-921.

АНАЛИТИКУМ: Што ќе им порачате на нашите читатели?

Би им порачал да го читаат вашиот прекрасен медиум и ќе се заблагодарам за вашата покана, секое добро.