Ловрен направил скандал со новинар: Еве и сега ме исмејуваш, смрдливец ниеден

Фудбалската репрезентација на Хрватска го освои бронзениот медал на Светското првенство победувајќи го Мароко со 2:1, a по големиот успех се случил и скандал кој го предизвикал Дејан Ловрен во микс зоната, каде навредил неколку хрватски новинари.

Како што информираат медиумите од Хрватска, сѐ започнало со тоа што Ловрен поминал покрај новинарите без да даде изјава.

Откако ја напуштил микс зоната, еден од новинарите се насмеал.

Ловрен го слушнал и се вратил почнувајќи да навредува некои од новинарите.